САД не поставуваат влади, но поставуваат очекувања, вели Ескобар

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар во одговор на новинарско прашање на денешниот прес со премиерот Димитар Ковачевски истакна дека САД не поставуваат влади, но дека поставуваат очекувања.

„САД ги гледа како природни партнери оние кои се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата“ рече Ескобар.

Заменик-помошникот државен сректар на САД додаде дека со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски ќе има отворен разговор и сака да ги слушне неговите ставови.

„Се надевам дека ќе имаме повеќе да кажеме на јавноста по нашиот состанок“ рече Ескобар.

Слични содржини