Блинкен се сретна со Зеленски во Киев

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По тој повод Блинкен најави нова помош за Украина во вкупен износ од повеќе од една милијарда долари.

„Ќе продолжиме да бидеме на украинската страна“, изјави Блинкен во Киев.

Пентагон најави нова помош за Украина, вклучително и муниција со осиромашен ураниум

Пентагон објави нов пакет безбедносна помош во вредност од 175 милиони долари за Украина, вклучувајќи и муниција со осиромашен ураниум за тенковите Абрамс.

Пентагон соопшти дека воената помош ќе вклучува и противоклопни системи, тактички системи за воздушна навигација и дополнителна муниција за артилериските ракетни системи за висока мобилност (HIMARS), објави „Ројтерс“.

Најавата се совпаѓа со пристигнувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Киев, како гест на поддршка за контраофанзивата на Украина против руските сили, наведува агенцијата.

Слични содржини