Екс-лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села тврди дека неговата партија не била дел од преговорите за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски. Сепак тој порача дека АА би ги прифатиле измените во Кривичниот законик, доколку со нив се опфатат и случаите „Монструм“, „Диво насеље“ и „Алфа“.
Не би било добро за правната држава доколку се амнестираат само политичарите. Да се отвори ова, ќе ме интересира овој случај, ако на маса се стават случајот „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа, рекол синоќа Села во емисијата „Клик плус“.
Тој исто така посочи дека не ја напуштил политиката и побара од граѓаните да не ја загубат вербата во АА.
Тоа е единствениот политички субјект кој се претставува со ветувања пред граѓаните и кој се труди да ги реализира, а ги реализира веднаш штом ќе стане дел од Владата, истакнал Села во емисијата.