Курти: Полициската акција продолжува, соработуваме со КФОР и ЕУЛЕКС

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти по конфликтот меѓу косовската полиција и вооружените напаѓачи во градот Бањска на северот на Косово изјави дека во акцијата е запленето големо количество оружје.

„Во денешната операција против вооружени терористи, косовската полиција заплени стотина оружје и муниција, вклучително и тешка воена опрема како митралези, гранати и друго“, сподели косовскиот премиер на социјалната мрежа Х.

„Нашата полиција останува во тесна соработка со КФОР и ЕУЛЕКС. Операцијата е во тек“, додаде Курти.

За потсетување, припадници на косовската полиција беа нападнати во саботата во 02:34 часот во селото Бањска на северот на Косово, при што еден полицаец загина, а двајца беа ранети.

Тројца напаѓачи загинаа во размената на оган меѓу полицијата и Србите од северот на Косово, а осуди за нападот стигна од целата меѓународна заедница.

Слични содржини