174
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека во текот на денот ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Тој во пресрет на почетокот на самитот на европската политичка заедница рече дека средбите се одржуваат со цел да се намалат тензиите.
„Претседателката Османи и претседателот Вучиќ ќе бидат таму. Седнавме заедно во Кишињев, разговаравме за тоа, а денес ќе го направиме истото. Но, денес ситуацијата е многу полоша отколку во времето на средбата во Кишињев“, рече тој.