ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Вака моментално изгледа местото на фестивалот на кој упадна Хамас

од Stefanija Kuzmanovska
989 прегледи

Возбудените посетители со недели го очекувале почетокот на фестивалот Супернова во пустината на јужен Израел. Пред почетокот на фестивалот, кој се совпадна со еврејскиот фестивал Сукот, организаторите на социјалните мрежи напишаа дека е време повторно да се собере целото семејство и дека ги очекува незаборавна забава, јавува Би-Би-Си.

Неколку часа подоцна истите тие страници на социјалните мрежи беа преполни со објави од очајни семејства и пријатели кои се обидуваа да ги најдат своите сакани откако палестинските милитанти упаднаа на фестивалот. Спасувачката агенција Зака ​​извести дека од фестивалот биле извлечени 260 тела.

Локацијата на фестивалот со три бини, камп, бар и ресторан се наоѓаше во пустината Негев недалеку од Појасот Газа, од каде се појавија милитантите. Тие упаднале во села и градови од кои биле земени како заложници десетици луѓе.

Најмалку 600 Израелци се убиени од почетокот на нападот. Беше започнат и бран воздушни напади врз Газа, во кои загинаа најмалку 413 лица.

Слични содржини