Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, го покани израелскиот министер за надворешни работи Елијаху Коен да присуствува на вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ со Советот за соработка на арапските земји од Персискиот залив денеска во Оман, посветен на случувањата во Израел и Блискиот Источен регион.
„Го поканив израелскиот министер за надворешни работи да се приклучи на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Го повикав и министерот за надворешни работи на палестинските власти Ријад ал-Малки да се обрати на собирот и да ги изнесе ставовите на палестинските власти“, објави Борел на платформата X.
Борел повтори дека силно ги осудува бруталните напади на Хамас врз Израел и изрази длабоко жалење за загубата на животи.