Постарите и гојазните луѓе се изложени на најголем ризик од недостаток на витамин Д.
Витаминот Д е важен за повеќе функции на телото и е најодговорен за помагање на телото да го апсорбира калциумот, кој е неопходен за силни и здрави коски.
Исто така, игра важна улога во имунолошкиот систем и здравјето на мускулите и нервите на телото. Луѓето можат да добијат витамин Д од храна, сончева светлина или додатоци во исхраната, но многумина страдаат од недостаток, особено во зимските месеци.
Постарите и гојазните луѓе, жителите на пензионерските домови и хоспитализираните пациенти се изложени на најголем ризик од недостаток на витамин Д.
Како можеме воопшто да препознаеме дека ни недостасува оваа важна хранлива материја?
Често разболување
Недостатокот на витамин Д ја зголемува подложноста на инфекции бидејќи овој витамин игра витална улога во имунолошката функција на телото.
Болки во телото
Со оглед на тоа што витаминот Д игра важна улога во здравјето на коските, мускулите и нервите, болката може да биде и предупредувачки знак за недостаток на витамин Д. Најчестите болки кои се јавуваат се болки во коските и мускулни грчеви.
Лошо орално здравје
Недостатокот на витамин Д може да предизвика проблеми со забите како што се расипување на забите, гингивитис и пародонтитис.
Проблеми со менталното здравје и недостаток на енергија
Според една студија објавена во 2020 година во Националната библиотека за медицина, заморот и негативните емоции се вообичаени кај луѓето со ниско ниво на витамин Д.
Проблеми со тежината
Тешкотиите со губење на тежината може да укажуваат и на недостаток на витамин Д. Луѓето кои се потешки и имаат повеќе телесни масти имаат поголема веројатност да имаат недостаток на овој витамин, според студијата од 2018 година објавена во Националната медицинска библиотека.
Научниците потоа открија дека дебелината е поврзана со воспаление во телото и дека губењето на тежината и додавањето на витамин Д може да помогне да се намали воспалението.