Сијарто од Скопје апелираше да не дојде до нова поделба на блокови

од Nikola Popovski
340 прегледи

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска на Министерскиот совет на ОЕБС во Скопје апелираше да не се дозволи повторно блоковска поделба на светот и посочи дека нема решение за проблемот на „бојното поле“.

„Од историјата научивме дека нема решенија на бојното поле. Тие што велат дека развојот на бојното поле ги зголемува шансите за мир грешат, бидејќи секој ден што минува во војната ги влошува изгледите за мир“, посочи Сијарто.

Тој изјави дека испораката не придонесува за решение, туку само за продолжување на војната.

„И на регионот му треба мир“, рече Сијарто.

Тој посочи дека одржувањето на отворени канали за комуникација е клучно.

„Ако ги затвориме каналите за комуникација, губиме надеж за мир. Се надевавме дека ќе се искористи доаѓањето на руската делегација на средбата во Скопје. Се надевавме дека ќе имаме дијалог, но за жал гледаме дека сега нема Дијалогот би бил корисен за сите, за Европа и за сите луѓе кои се за мир“, рече Сијарто.

Тој додаде дека не е виновен домаќинот што нема таков дијалог.

Според него, Унгарците страдаат неколку децении поради комунистичката диктатура и поделбата на светот на два блока.

„Ние бевме губитници во таа конфронтација меѓу двата блока. Затоа не сакаме да ја повториме таа фаза од историјата. И затоа бараме – немојте повторно да воведувате блок свет, туку поврзан свет“, кажа Сијарто.

Слични содржини