📸 Романтичен викенд и журка: Бред Пит и неговата девојка заедно ги прославија родендените

од Stefanija Kuzmanovska
363 прегледи

Познатиот актер Бред Пит веќе некое време ужива во љубовта со триесет и тригодишната Инес де Рамон.

Двајцата не сакаат многу да ја експонираат својата врска во јавноста, а папараците сега ги фотографираа за време на прославата на нивните родендени.

Имено, Бред на 18 декември наполни 60 години, а неговата девојка ден подоцна го прослави својот роденден. Според People, тие во таа прилика отпатувале во Париз.

Парот престојувал во луксузен хотел каде ноќевање чини 6.000 евра, а пред хотелот бил забележан доставувач кој носи балони во форма на бројот 60.

Двојката е фотографирана видно расположена пред театар, а по времето поминато во Париз се вратиле во Лос Анџелес. Таму отишле на вечера во ресторан и славеле со пријателите, а Инес во раката носела балон.

Слични содржини