Сава пензиско друштво повторно се најде во фокусот на интересот на жири комисијата за доделување на годишните награди на World Finance Pension Fund, како и на пошироката заедница на World Finance, кои искажаа восхит од оперативните карактеристики на Друштвото.
Токму затоа, не беше изненадување што Сава пензиско втора година по ред ја зема победата во категоријата „Најдобар пензиски фонд – Македонија – 2023 година.“
„Сава пензиско покажува силно лидерство. Друштвото е пример за водечко, наградувано друштво, кое е во првите редови на експертизата за управување со пензиски фондови во регионот, како и репер за извонредност и лидерство кај друштвата за управување со пензиски фондови во Македонија“ – истакнуваат членовите на жири комисијата.
Во свет на зголемени каматни стапки, зголемена инфлација и предизвикувачка инвестициска средина, фокусот на индустријата на пензиските фондови останува на потребите и целите на нивните клиенти, заедно со желбата за поголема ефикасност и градење на посилна отпорност на ризици и динамика на работење насочена кон клиентите.
Како едно од водечките друштва за управување со пензиски фондови во Македонија, една од многуте силни страни на Сава пензиско е стратегијата која испорача позитивни перформанси во услови на криза. Нивниот пристап покажува богато искуство за постигнување на задоволство на клиентите, и дополнително го подобрува проактивното, сеопфатно разбирање на потребите за пензиско осигурување.
Сето ова укажува дека Сава пензиско ги исполнува највисоките очекувања и барања на клиентите во управувањето со пензиските фондови.