По Колорадо, Трамп отстранет и од гласачкото ливче во државата Мејн

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е отстранет од гласачкото ливче на претседателските избори во Мејн, откако државниот секретар на Демократската партија на Мејн, Шејн Белоус во четвртокот го отстрани неговото име од гласачкото ливче според клаузулата за бунт во Уставот на САД.

Со тоа државниот секретар на Мејн стана првиот изборен службеник кој еднострано презеде акција што има потенцијални последици за изборниот колеџ, пишува Гласот на Америка.

Иако Мејн има само четири електорски гласови, таа е една од двете држави во кои тие се делат.

Слични содржини