Кога Volkswagen го претстави својот прв Golf во 1974 година, тоа беше вистинска автомобилска револуција.
Овој автомобил беше легитимен наследник на „Буба“, а со погон на предните тркала и нов концепт, дизајнот, за кој е заслужен славниот Џордето Џуџаро, постигна култен статус.
Веќе до 1976 година беа продадени еден милион примероци, а до денес се испорачани повеќе од 37 милиони „парчиња“ на клиентите, како што е наведено во официјалното соопштение на брендот по повод годишнината. Кога ќе ги погледнеме бројките, ова е најуспешниот европски автомобил и најпродаваниот VW на сите времиња.
Golf се здоби со култен статус, особено на овие простори, пред се поради практичноста, компактноста и издржливоста, а следната година ќе прослави 50 години од првиот модел.
За да го одбележи ова, VW ќе ја претстави осмата генерација на Golf. Светската премиера е за само неколку недели, а претпродажбата е закажана за пролет 2024 година.