ЈСП ќе возат по неделен возен ред во наредните три дена

од Nikola Popovski
266 прегледи

Автобусите на ЈСП на 6,7 и 8 јануари ќе возат по неделен возен ред, информираат од Градското сообраќајно претпријатие.

Од вторник (9.01.2024 год), автобусите ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимен возен ред кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

На 7 јануари (недела) за сите билетарниците и центри за персонализација ќе биде неработен ден, а на 6 и 8 јануари (сабота и понеделник) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од вторник (9.01.2024 год) сите продажни места ќе продолжат да функционираат со вообичаено работно време.

Слични содржини