372
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека поранешниот претседател и неговиот противкандидат Доналд Трамп е подготвен да ја жртвува демократијата во САД за да дојде на власт.
Тој изјави дека кампањата на Трамп е „опседната со минатото, а не со иднината“, според Си-Ен-Ен.
„Тој е подготвен да ја жртвува нашата демократија за да дојде на власт. Нашата кампања е за зачувување и зајакнување на американската демократија“, рече Бајден во Блу Рил, Пенсилванија, за време на неговиот прв говор од кампањата за претседателските избори што ќе се одржат во ноември.