Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска беше пуштен од болница по две недели поминати таму по операцијата по откривањето на рак на простата, соопшти Пентагон.
Се очекува Остин да работи од дома додека закрепнува, пренесува АП.
На 22 декември, Остин (70) бил примен во Националниот воено медицински центар „Волтер Рид“, каде му била извршена операција, откако претходно за време на рутински скрининг му бил дијагностициран рак на простата.