Утре и задутре ЈСП со изменет возен ред

од Nikola Popovski
292 прегледи

ЈСП Скопје информира дека утре петок (19.01.2024 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. И в сабота (20.01.2024 год) ќе се вози по неделен возен ред.

Утре дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Во сабота сите ќе работат со вообичаеното работно време.

Жичарницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.

Слични содржини