Најмалку 12 лица загинаа во близина на болницата Ал Шифа во Газа за време на израелски воздушен напад, јавија палестинските медиуми.
Според извештаите на медиумите, за време на воздушниот напад била погодена станбена зграда, при што загинале најмалку 12 лица, а непознат број се повредени, пишува „Тајмс оф Израел“.
Во тек се обиди за спасување на луѓето затрупани под урнатините, се додава во извештајот. Израелските одбранбени сили (ИДФ) се уште не го коментирале овој напад.