Во руски напад на Селидово погодена болницата, евакуирани стотина пациенти

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Во текот на ноќта Русија изврши неколку ракетни напади врз градот Селидово во источноукраинската област Доњецк, во кои беа повредени неколку лица, оштетена е болница и десетина станбени згради, изјави денеска гувернерот на Доњецк, Вадим Филашкин.

„Се шпекулира дека три лица, меѓу кои и едно дете, се под урнатините на болницата“, навел Филашкин на Телеграм, додавајќи дека стотина пациенти се евакуирани во болниците во околните градови, пренесува „Ројтерс“.

Нападот на болницата, кој се случил нешто по полноќ, уследи по нападот на Селидово во вторникот вечерта, во кој беа уништени 12 станови во петкатница и беа повредени најмалку четири лица, меѓу кои и две деца, додаде Филашкин.

Слични содржини