Реал Мадрид размислува да му понуди продолжување на договорот на украинскиот голман Андриј Лунин поради неговите добри перформанси од почетокот на сезоната, информира весникот АС.
Откако Тибо Куртоа се повреди и отсуствуваше во поголемиот дел од сезоната, а Кепа Аризабалага беше донесен на позајмица од Челси, очекувањата беа дека Шпанецот ќе биде редовен стартер, но повредата на Кепа во октомври му даде шанса на Лунин да покаже неговите квалитети.
Оттогаш, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги користеше двајцата голмани, а Андриј Лунин импресионираше.
Договорот на 25-годишниот Украинец истекува во 2025 година, а гигантот од Мадрид се надева дека во иднина ќе се потпира на него како конкуренција на Тибо Куртоа.