235
Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, за време на вчерашната ненајавена посета на Украина морала на кратко да замине во засолниште во Одеса, откако се огласиле сирените за воздушен напад, пишува германски Цајт .
Бербок го напушти засолништето по околу четвртина час, објавија новинари, кои известуваа за посетата на германскиот министер на Украина.
За време на посетата Бербок и вети на Украина натамошна поддршка, вклучително и испорака на оружје, но призна дека има потешкотии во набавката на оружје.