Целта е преку повлекување на ваков политички потег, ВМРО-ДПМНЕ по можност да оствари голема победа на претседателски избори, за да тоа се одрази на парламентарните избори. Во случајот, бившиот претседател на АА само се користи како марионета во потребите на ВМРО-ДПМНЕ и ништо друго, вели поранешниот лидер на Алијанса, Зијадин Села во емисијата „24 анализа“ за ситуацијата во неговата партија и неговиот однос со лидерот на АА, Арбен Таравари.
На прашањето дали министерот и член на ДУИ, Артан Груби ја води Алијанса, како што обвинува Таравари, Села истакнува дека не е од денеска на политичката сцена.
-Сега откако Села е вратен на сцена, партијата ќе се води од членството на АА и ќе се базира на принципите и статутот на партијата. Делот кој раководел во името на Таравари како претседател на партија веќе е минато. Сега јас раководам со АА. Во принцип јас не сакам да се мешам во тие работи или политики кои треба да ги носи претседателот. Секогаш сум давал совети и сум ги кажал размислувањата, сме се договориле дека АА за избори оди сама и после се случи тоа што се случи. Не знам кој раководел со Таравари, но сега Алијанса се враќа на својот пат, кажа Села.
Тој обелодени дека не се потпишал ниту за Таравари, ниту за Бујар Османи околу нивните кандидатури за претседател. Го обвини градоначалникот на Гостивар дека „дезертирал“ од партијата.