Состојбата со големата кашлица не се разгорува на национално ниво, информираа од Комисијата за заразни болести.
Портпаролот на КЗБ, Злате Мехмедовиќ појасни дека досега аплицирани се 22353 вакцинални дози.
КЗБ препорачува да се засили инспекцискиот надзор на ДЗСИ на територија на Град Скопје, за да се види состојбата во градинките и дали се почитуваат препораките на Комисијата, за тоа да не се примаат нецелосно вакцинирани деца.
-КЗБ донесе одлука да препорача во вакциналните пунктови да има задолжителна дигитална евиденција за да се има подобар преглед. Беше разговарано и за набавката и за вакцините за возрасни. На 15-ти март ќе пристигнат првите вакцини за возрасните, потенцира Мехмедовиќ.
-Таа категорија на возрасни луѓе не се ризична за која треба да се загрижиме. Ако влегуваме во тестирање на целокупното население, би предизвикале хаос и би биле поголеми бројки. Целта е да се заштити најмладото население и децата. Вкупно само 12 случаи од Нова година до денес, се третирани на Клиниката за инфективни болести, кажа директорот на Инфективна, Фадил Цана.
Апелираат родителите да бидат во тек со сите вакцини, кои се во задолжнителиот календар за имунизација.