Норвешкиот репрезентативец Матијас Норман се посрамоти во фудбалското првенство на Саудиска Арабија.
Играчот од средниот ред на Ал Раед е суспендиран на шест натпревари во првенството на Саудиска Арабија поради плукање на противник.
Инцидентот се случи на 29 февруари на натпреварот од 22. коло против Ал Феихи (1:2). Норвежанецот беше исклучен во 63. минута поради неспортски потег, односно плукање по противничкиот играч Абделхамид Сабири.
Норман најверојатно ќе се соочи и со парична казна во клубот, бидејќи во наредниот период ќе ги остави своите соиграчи на цедило.
Оваа сезона 27-годишниот фудбалер одигра 19 натпревари за Ал Раед.
Норвежанецот претходно играше за Боде-Глимт, Брајтон, Молде, Ростов, Норвич Сити и Динамо Москва. Некогаш тој беше желба на сонародникот Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед.
За репрезентацијата на својата земја одигра 12 натпревари.