Бојмацалиев: Извештајот за двојното убиство покажа навремена и прецизна истрага на полицијата, невистините беа за рушење на Спасовски

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за случајот со убиствата на Вања Ѓорческа и Панче Жежоски, во врска со извештајот од внатрешна контрола во МВР, рече дека извештајот покажа дека истрагат била навремена и прецизна.

„Кога се случи овој немил настан, сите бевме потресени, немил настан кој не памтиме во последните 30 години како граѓани. Но, во целата таа неубава случка која се случи, македонската полиција постапи професионално, навремено и брзо, во рок од неколку дена беа откриени и нарачателите и луѓето кое го спроведувале и идентификуван е убиецот. Ова не го зборувам од политичка гледна точка или некого да бранам, ова го зборувам и по извештајот кој го нарача Панче Тошковски во внатрешна контрола”, рече Бојмацалиев.

Притоа, тој појасни за извештајот од внатрешна контрола кој утврди дека нема дисциплински постапки против вработени во МВР.

„Тошковски нарача ревизија на целиот случај и го обелоденивме во јавноста, пред две недели дека против никого од колегите нема дисциплински поднесок. Што значи тоа? Тоа значи дека сите колеги во тој период постапиле навремено, професионално, точно и брзо. Ако се сеќавате ВМРО-ДПМНЕ секој ден држеа прес конференции, го напаѓаа министерот Спасовски, СВР Скопје и СВР Велес, дека не постапиле, дека доколку направиле една ситуација, ќе било вака или така. Тоа беше за рушење на рејтингот на тогашниот министер, за сметка да си го качат својот. Со такви игри во политиката никогаш не добивате, кога одите на чувство и емоции на граѓаните. Мене ми е мило што нарачаа таков извештај во внатрешна контрола да се направи такво испитување и имаме извештај за сето тоа што го зборувше Спасовски и ние како полиција, дека сме постапиле навремено, точно и прецизно, тоа го потврдува фактот дека нема дисциплински поднесок за колегите. Најмалку што можат да направат оние кои кажуваа невистини, создаваа немир кај граѓаните, да се извинат кон македонската полиција, не спрема мене, Спасовски, директорот Тасевски, началниците во тоа време Скопје и Велес, спрема македонската полиција, бидејќи полицијата на крајот од денот не штити никого по вера, нација или партија, штити исклучиво по закон”, истакна Бојмацалиев.

Слични содржини