162
Почнувајќи од вечерва на полноќ (02.04.2024) до 23:59 часот во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, извести днеска Царинската управа, повикувајќи се на информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје.
На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки.
„Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период,“ велат од Царинската управа.