Јакимовски за апсењето на новинарот Салиу: Џабе „чаламот“, ви се гледа нервозата

од Nikola Popovski
523 прегледи

Џабе го апсите Фуркан, јас уште пред неколку месеци обелоденив дека ВМРО-ДПМНЕ фингира анкети соочена со слабата поддршка од народот, објави синоќа кандидатот за претседател и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски за апсењето на новинарот Фуркан Салиу од страна на припадници на ЕБР.

Јакимовски во објава на социјалните мрежи додаде: „Џабе чаламот ви се гледа нервозата“.

-Поддршка за Фуркан, поддршка за слободата на говор, стои во објавата на Јакимовски на социјалните мрежи.

Доцна синоќа по пуштањето од полициска станица, Салиу смета оти е ослободен само затоа што работи како новинар и дека во спротивно би завршил во притвор. Тој образложи дека на натпреварот настанал тотален хаос, а полицијата била без координација и почнала да тепа недолжно момче.

-Ме товарат дека сум нападнал полицаец, нека го докажат тоа и од утре не ме гледате веќе на екрани, не ме гледате нигде, ќе се извинам и ќе се тргнам. Нека докажат дека сум чепнал еден полицаец. Имаше таму полицајци кои снимаат, имаше камери од страна, нека докажат дека јас сум удрил полицаец, кажа новинарот пред ПС Гази Баба.

Претходно од МВР соопштија дека Салиу бил приведен поради напад врз службено лице, како и деке во неговиот автомобил бил пронајден пиштол.

ЗНМ и ССНМ апелираат случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу, а политичките партии да не го користат во своите дневно политички препукувања и за партиски цели на изборната кампања.

Слични содржини