Покетино: Напуштањето на Челси нема да е крај на светот

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино даде многу интригантен одговор на уште едно прашање за неговата иднина во Челси.

Аргентинецот истакна дека за да продолжи во клубот не е важно само сопственикот да биде задоволен, туку тој и неговиот штаб да се чувствуваат среќни што остануваат на „Стемфорд Бриџ“.

„Ако сите сме среќни, тогаш тоа е совршено, но не се работи само за тоа дали сопствениците се среќни. Треба да не прашате и нас бидејќи можеби не сме среќни и сакаме да раскинеме. Тоа не би било првпат стручниот штаб да одлучи да не продолжи во некој клуб. Утре можам да кажам дека заминувам. Има две страни за да се донесе таква одлука. Не се работи само за тоа дали сопственикот е среќен или дали спортскиот директор е среќен. Можеби не сме среќни затоа што дојдовме со работа, но на крајот не ни излезе она што го очекувавме. Не велам дека не сум среќен, но ако раскинеме нема да биде проблем бидејќи нема да биде крајот на светот“, изјави Покетино.

Слични содржини