„Ја местеа статистиката во негова корист“: Поранешната ѕвезда на Булс продолжува да го омаловажува Мајкл Џордан

од Nikola Popovski
446 прегледи

Скоти Пипен, поранешен соиграч на Мајкл Џордан и еден од најважните фактори во златната ера на Чикаго Булс во која тимот од Илиноис освои шест титули, продолжи да критикува и да се обидува да го омаловажи наследството на Џордан.

Познато е дека Пипен и Џордан немаа најдобри односи ниту кога го носеа дресот на Булс, а по завршувањето на кариерата Пипен ја искористи секоја можна прилика да го омаловажи најдобриот играч на сите времиња што е можно повеќе и да го намали неговото влијание за успесите што ги постигнаа „Биковите“.

На односот меѓу двата асови не помогна ниту врската помеѓу синот на Џордан, Маркус и поранешната сопруга на Пипен, Лариса, па не е чудно што Пипен секогаш кога ќе му се укаже прилика има потреба да го критикува поранешниот соиграч, а овој пат ја искористи својата книга „Unguarded“, каде откри детали од соблекувалната:

„На пример, ја избивам топката или успеам да направам додавање, нешто слично, и таа се одбива до Мајкл. Треба да добијам заслуга за украдената топка, нели? Не, таа често одеше кај Мајкл во статистиката и не можев да го променам тоа“, напишал Пипен.

А потоа додал што се случило додека биле во соблекувалната:

„Едно време човекот кој ја водеше статистиката влезе во соблекувалната за да му ја даде на Фил Џексон. Не можев да поверувам на погледот што го упати кон Џордан, како сакаше да му каже „Гледаш како те чуваме, Ем-Џеј“.

Слични содржини