ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за работниците и покачување на нивните плати. Тие ќе продолжат онаму каде што застана во 2016, а тоа се политиките во интерес на крупниот капитал, велат од СДСМ.
– ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветуваше дека во првите 100 дена ќе ја покачи минималната плата на 450 евра. Ова ветување им беше измислено за да ги залаже работниците дека ќе продолжи една од политиките на СДСМ за кои недвосмислено сите даваа поддршка – покачувањето на платите.
ВМРО-ДПМНЕ воопшто не планира да владее преку поддршка на работниците и покачување на платите. Тие ќе продолжат онаму каде што застана во 2016, а тоа се политиките во интерес на крупниот капитал. За потсетување, во 2016 ВМРО-ДПМНЕ го држеше минималецот на околу 8000 денари и тогаш беа потребни четири минимални плати за да се обезбеди основната потрошувачка кошничка.
Изјавата на Мицкоски дека требало да ги пуштиме нозете колку што ни е чергата е навреда и потценување на работниците. Јасно е дека не е до чергата, не е до кондицијата на буџетот, туку е до приоритетите се вели во соопштението на СДСМ.