140
Синоќа околу 20 часот се случила трагедија на железничката пруга кај булеварот „Србија“ откако воз удрил во маж кој починал на местото на несреќата.
Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Скопје.
Според информациите, возот кој сообраќал од Битола кон Скопје, стоел над четири часа, на надзовникот кај Кисела Вода.
Екипа на СВР Скопје извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на денешниот ден се очекуваат детали во врска со настанот.