23
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата нема да стане имигрантска земја, што и да прави Брисел.
Орбан истакна дека од 2015 година, кога беше „врвот на мигрантската криза“, Унгарија постојано повикува на заштита на надворешните граници на Европската унија.
„Наместо да кукаат и да избегнуваат одговорност, земјата зема здив, подигна ограда и ги запре мигрантите. Унгарија им припаѓа на Унгарците, точка“, изјави Орбан во интервју за Радио Кошут, пренесува МТИ.