Инфективната модуларна болница можно е да се пресели во затворот Идризово

од Nikola Popovski
30 прегледи

Инфективната модуларна болница во склоп на Клиничкиот центар во Скопје можно е да се пресели во затворот Идризово, вели министерот за здравство, Арбен Таравари.

Таравари, денеска во одговор на новинарско прашање, посочи дека има одлука од Владата за преземање на модуларната болница од страна на Министерството за одбрана, но оти треба амбуланта и во затворот Идризово.

-За модуларната болница на Инфективна клиника веќе има одлука на Влада со која таа болница треба да ја преземе Министерството за одбрана.

Има и друга идеја бидејќи треба болница во затворот во Идризово.

Сега сме во дилема дали таа модуларна болница да ја пренесеме таму за да служи како амбуланта во Затворот Идризово, изјави Таравари, при посетата на Клинилката болница Штип.

Тој исто така најави можност до крајот на годината дефицитот од доктори специјалисти да биде надоместен со работен ангажман на лекари специјализанти.

Слични содржини