Тешка сообраќајна несреќа во Куманово: 18-годишен возач удрил девојка и го напуштил местото

од Илинка Илиоска
31 прегледи

Вчера во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Ш.Р. од село Никуштак, општина Липково, удрило во 21-годишната Е.Р. од Куманово, по што го напуштило местото на настанот, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Р. констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини