Бербок не исклучува Украина да напаѓа воени објекти во Русија со германско оружје

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека не ја исклучува можноста Украина, во самоодбрана, да нападне воени објекти во Русија со оружје од германски залихи.

Бербок изјави за германската јавна телевизија АРД дека не сака јавно да разговара за тоа колку длабоко нападите би можеле да допрат до руска територија.

Германската министерка истакна дека не треба да се дефинираат конкретни растојанија како „десет, 40 или 200 километри“, бидејќи, како што наведе, руската армија може да има корист од тоа.

„Правото на Украина на самоодбрана не значи дека проектил мора да ја премине границата или да погоди град како Харков пред (Украина) да може да нападне“, рече Бербок, пренесе германскиот портал „Тагешау“.

Таа изјави дека тоа се превентивни мерки за да се спречат идни руски напади.

Велика Британија и Канада и дозволија на Украина да го користи оружјето што го донираа за напад на руска територија, но досега ниту една западна земја не дозволи оружјето со долг дострел што го испрати за да му помогне на Киев да се користи за напад на Русија, и покрај тоа што украинскиот претседател Владимир Зеленски тоа го бараше со месеци.

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди западните земји да не дозволат Украина да користи западно оружје со долг дострел за да гаѓа цели лоцирани длабоко на руска територија.

Слични содржини