Ристовски: Направивме џентлменски договор – Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници

од Илинка Илиоска
77 прегледи

На денешната прес-конференција, министерот за спорт, Борко Ристовски, соопшти дека македонските врвни спортисти повеќе нема да се појавуваат во реклами за казина, обложувалници и брзи кредити.

„Немаме ништо против која било компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока“, рече Ристовски.

Министерот откри дека веќе разговарале со сите спортисти кои претходно ги рекламираа овие компании и постигнале заеднички договор за прекин на соработката.

„Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи,“ објасни Ристовски. Тој додаде дека наскоро ќе ги видиме овие спортски легенди како промовираат „вистински вредности.“

 

Слични содржини