📽 Вучиќ му се пофалил на Ердоган дека шверцувал облека од Турција

од Илинка Илиоска
111 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се пофали пред турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека во својата младост шверцувал облека од Турција за да ја продава на пазарите во Србија, пренесува Nova.rs. Оваа нова анегдота е дел од приказните кои Вучиќ често ги споделува, објаснувајќи ги своите младешки авантури и дела.

„Кога бев дете, на 15-16 годишна возраст, одев во Турција,“ изјави Вучиќ, додавајќи дека купувал патики, шорцеви и слични производи кои подоцна ги продавал на пазарите во Србија. „Сега, речиси 40 години подоцна, гледам колку се има променето Турција,“ додаде тој во присуство на Ердоган, истакнувајќи дека денешна Турција не е истата земја која ја памети од младоста.

Во минатото, Вучиќ има споделено слични приказни за своето минато, вклучително и работата во продавница за железарија во Лондон, каде што работел за два фунти на ден за Индиец сопственик. Исто така, Вучиќ често раскажува за своето време како млад војник, кога честопати бил казнуван заради прекршување на правилата и бегство во градот.

На социјалните мрежи, неговите изјави предизвикаа реакции, при што многу граѓани поставуваат прашања за автентичноста на приказните. Неговите последни изјави предизвикаа реакции на социјалните мрежи, каде што граѓаните прашуваат дали има нешто што претседателот на Србија сè уште не го пробал.

Слични содржини