Ново рочиште од судењето за двојното убиство на Вања и Панче

од Nikola Popovski
49 прегледи

Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Продолжува сослушувањето на сведоци на Обвинителството и на одбраната. На рочиштето во средата поранешните началници во СВР Велес и Скопје сведочеа дека Кешишев, еден од обвинетите ја довел полицијата на местото на убиството на Вања, а нејзиниот татко цело време велел дека таа е киднапирана.

Претходно мајката на Вања пред Судот рече дека не ги познава обвинетите. Сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и за потрагата по неа. Киркови пак сведочеа за моментот кога увиделе дека го нема Жежовски, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање. Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се изјаснија за невини.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на Вања за да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп.

Слични содржини