Беше нејасно како може веднаш да се алармира дека е киднапирано девојчето – ново сведоштво за убиството на малата Вања

од Nikola Popovski
87 прегледи

Продолжува судењето за двојното убиство. Нови сведоци денеска се испитуваа пред петтемина обвини за убиството на Вања и Панче. Началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште изјави дека на почетокот од истрагата немало логика дека девојчето е киднапирано.

„На почетокот сметавме дека девојчето доброволно влегло во некое возило и дека го напуштила домот, дека едноставно сакала да ги казни родителите. Немаше логика дека е киднапирана, немаше ниту откуп, ништо“, изјавил сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје.

„Имаше доста нелогичности и нас не ни беше јасно. Ги повикавме родителите, наставничката, директорката, педагогот … нас ни беше доста нејасно како може веднаш да се алармира дека е киднапирано девојчето. Нормално би било прво да видат дели е кај некоја другарка или друго“, додал сведокот.

Тој сведочеше и за шокот кога го нашле девојчето.

„Девојчето беше како живо. Рацете и беа врзани позади и нозете со стеги. И на устата имаше лента. Други знаци на насилство не видовме“, рече началникот.

Тој додаде дека Кешишов рекол дека работеле по насоките на Палчо, се било во главата на Палевски.

Според исказот на Димовски, Кешишов тврдел дека му готвел на Палчо, спиел во седиштето на партијата Десна и кога се снимале поткасти варел кафе за гостите.

За денешното рочиште се повикани уште четворица сведоци, предложени од Обвинителството.

На претходното рочиште сведочеа полициски началници од СВР Скопје и Велес, кој обелоденија како успеале да ги најдат телата на младата Вања и велешанецот Панче. Тие кажаа дека двајца од обвинетите им ги покажале точните локации каде биле закопани.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Слични содржини