Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари

од Nikola Popovski
74 прегледи

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари.

Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари е намалена за 57,00 денари.

Според ССМ, цените на прехранбените производи треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика, ниту пак со здравиот разум, туку, како што велат, има поврзаност само со алчноста која е се поизразена во Македонија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 113.2. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (19.3 %), Уметност, забава и рекреација (18.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.3 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.1 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.3 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 61 806 денари.

Слични содржини