Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација, вели Јаневска за бришењето на „родовиот идентитет“ и „сексуалната ориентација“ од Законот за основно образование

од Vladimir Zorba
52 прегледи

„Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација, но по реакциите кои ги имаше во македонската јавност, целокупната јавност, заклучивме дека треба да бидеме внимателни во однос на тоа како се изразуваме. Ние имаме континуитет и во Законот за средно образување се спомнува родовата еднаквост. Да не биде недоразбирање, на крајот на реченицата има „и друго“ што опфаќа секаков вид на дискриминација. Не знам зашто би требало да го оптоваруваме законот и да ги набројуваме сите видови дискриминации кои постојат, затоа што тоа е номо-техника. Зборот „и друго“ на крајот на реченицата ги опфаќа сите можни постоечки видови на дискриминација“, вели министерката за образование, Весна Јаневска во интервју за РСЕ.

„Зошто ја спомнав македонската јавност? Ја спомнав затоа што нашето население смета и тоа е составен дел на една традиција, на една духовна состојба итн., дека децата треба да учат тоа што треба на соодветна возраст. За да немаме револт, за да немаме недоразбирања, малку ги прилагодуваме нашите изрази и зборови за тоа што го нудиме да биде прифатливо за сите“, додаде таа.

Слични содржини