Агелер: Гласањето во демократија е света одговорност и огромна привилегија

од Nikola Popovski
26 прегледи

Американците го бираат новиот предводник Белата куќа. Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер веќе гласаше. Таа ги повика сите американски граѓани во Македонија да го остварат демократското право.

„Мојата порака како американски амбасадор е многу конзистентна. Како што е и овде со вашите избори, апсолутно е од витален интерес, секој граѓанин да излезе и да гласа. Гласањето во демократија е света одговорност и огромна привилегија. Јас гласав и ќе го правам тоа, многу се надевам во мирно и правично предавање на власта. Тоа го очекуваме и се надеваме на тоа, и како и сите вас, и јас очекувам да видам кој ќе победи. Значи сите заедно ќе го гледаме тоа“, изјави амбасадорката Агелер.

Таа одби да ја коментира изјавата што неодамна ја даде Стејт департментот дека е можно САД да биде медијатор во нашите преговори со Бугарија за продолжување на европската агенда, по конституирањето на новата бугарска Влада.

На двајцата кандидати кои се речиси изедначени во трката, ќе им бидат потребни најмалку 270 избирачки гласови за да ја добијат претседателската функција. Клучни држави за патот до победата остануваат седумте сојузни држави каде што ќе се следат резултатите-Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.

Евентуалната тесна победа може да го продолжи објавувањето на победникот. Околу 80 милиони американци веќе го дадоа гласот на предвременото гласање или по пошта, што го надминува вкупниот број гласови во 2016 кога се регистрирани околу 47 милиони гласачи.

Слични содржини