Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за дијалог меѓу Белград и Приштина и веројатно идниот Државен секретар, Ричард Гренел откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори, изјави дека „Америка и светот се спасени“ и дека наскоро ќе дојде мир.
Во објава на мрежата Х, тој рече дека наскоро ќе дојде мир во светот.
America and the world has been saved.
We have defeated the woke left.
Peace will come soon.
— Richard Grenell (@RichardGrenell) November 6, 2024
„Америка и светот се спасени. Ја победивме левицата. Мирот ќе дојде наскоро“, рече Гренел, кој имаше високи позиции за време на првиот мандат на Трамп.
Трамп денеска прогласи победа на претседателските избори во САД и влегува во Белата куќа како 47. американски претседател, што ќе биде негов втор мандат.