Какаото против побелувањето на косата

од Milan1
104 прегледи

Побелувањето на косата е природен процес. Сепак, седите влакна кај некои луѓе може да се појават многу порано отколку што тоа е вообичаено. Д-р Асиф Ахмед од британкиот Универзитет на аутемптон тврди дека седата коса и заморот може да бидат признаци на недостаток на бакар, пренесе порталот „Кликс“.

– Вашето ниво на бакар е директно поврзано со седата коса, како и со целокупното здравје на кожата, нивото на енергија и метаболизмот… Недостатокот на бакар е многу редок, но поради некоја причина гледам повеќе такви случаи, а не знам зошто? Од друга страна, преоптоварувањето со бакар е нешто што дефинитивно не сакате да го имате, затоа Ве молам не почнувајте со додатоци без да ги проверите нивоата, нагласи Ахмед.

Според Националната здравствена служба а Велика Британија, просечниот возрасен човек (меѓу 19 и 64 години) треба да има приближно 1,2 милиграми бакар дневно. Тој метал се добива преку јаткасти плодови, школки, но и органите од некои животни.

Следниот совет на лекарот гласи: Лажица какао во прав дневно помага во спречувањето појава на повеќе седа коса. Според него, и додадени протеини и влакна се благотворни, како и јогуртот, или напивката од какао.

Слични содржини