Таткото Александар се излечил од зависност од дрога – сведочеа бабата и дедото на Вања

од Nikola Popovski
86 прегледи

Со сослушување на сведоци во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежоски.

Поради здравствени причини не дојде сведокот Гоце Трајковски кој беше во неколку наврати беше споменат во досегашната постапка како лицето кое му помагало на таткото Александар во прибавување на видеоснимките во врска со исчезнувањето на Вања. Според зборовите на неговата мајка, Кираца Трајковска, која исто така е сведок, Гоце утрово доживеал паничен напад, што го спречило да присуствува на судењето.

Денешното судење продолжи со сведочење на таткото на Александар, Зоран Ѓорчевски. Тој за неговиот син кажа дека во младоста се лекувал од зависност, без да прецизира од што, но дека се излечил. Кажа и дека со семејството Трајковски биле во стара кумска врска и знаел дека Гоце бил вклучен во потрагата по Вања.

Сведочеше и мајката на Александар, Иванка, која исто така кажа дека Александар во младоста имал проблеми со зависности, но успешно се излекувал. Изјави дека утрото била во станот кога мајката на Вања му се јавила на Александар и му кажала дека ја нема Вања. Бргу се облече и излезе. Потоа се јави и кажа дека биле во полициска станица и пријавиле, рече таа.

Денеска треба да сведочат и сестрата на Александар, како и членови на фамилијата на Гоце Трајковски.

На завчерашното судење, одбраната на Палевски, првоосомничен во случајот, тврдеше дека тој не бегал од државата, бидејќи легално заминал прво во Белград, а потоа и во Турција.

Според сведокот Стојков, Палевски не бил сигурен каде бил на денот на исчезнувањето на Вања. Според исказот на нејзината тетка, во деновите кога траела потрагата по девојчето, нејзиниот татко побарал да му пишат на Илон Маск, со неговите сателити да ја лоцираат Вања.

Меѓу сведоците беа членови и симпатизери на партијата Десна. Потврдија дека поседувал пиштол кој секогаш го чувал во близина, а го носел како заштита, откако бил нападнат пред својот дом.

Слични содржини