Осомничен за напад на НАТО мисијата КФОР уапсен во Митровица

од Илинка Илиоска
22 прегледи

Основниот суд во Приштина му одреди притвор на косовскиот државјанин од српска националност, со иницијали М.Д., кој е осомничен за учество во нападот на припадниците на Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, на минатогодишните протести во Звечан, во северно Косово, пиуваат косовските медиуми.

Според нив, станува збор за лицето Марко Даниќ, жител на селото Бабин Мост во општина Обилиќ, кој беше уапсен вчера во Северна Митровица, во врска со нередите од 29 мај минатата година во Звечан, во кои беа повредени 93 војници на КФОР.

Тој е осомничен за сторени кривични дела „Здружување поради противуставна дејност“; „Загрозување на лица под меѓународна заштита“; „Учество во толпа која врши кривично дело и хулиганство“; „Напад на службено лице“.

Слични содржини