ЈСП најде гориво, иако тендерот не беше успешен

од Nikola Popovski
1,K прегледи

Најверојатно, за среќа, нема да се повторат лошите слики од пред петнаесетина дена кога немаше автобуси по скопските улици. Во ЈСП Скопје вчера било одлучено да се реализира интервентна итна набавка на нафта во вредност од 120 милиони денари односно речиси два милиони евра, без ДДВ. Набавката била извршена од „Пуцко петрол“ кој бил единствениот понудувач, а е избран во четири очи без објавен тендер.

Оваа итна постапка беше одобрена од Бирото за јавни набавки по налог на владата.

Ова не е прв неуспешен тендер за ЈСП. Неизвесно е дали со тендерот ќе се реши проблемот, со оглед дека е блокирана и сметката на јавното претпријатие. На сајтот на ЈСП, последниот тендер за јавни набавки е од мај минатата година.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера рече Владата ќе мора да му помогне на ЈСП, но, тоа нема да оди до недоглед.

-Ако не, ние ќе мораме повторно како Влада да помогнеме, со одредена позајмица да интервенираме за Јавното сообраќајно претпријатие, но тогаш се поставува прашањето до кога вака. Навистина треба да се поведе сметка околку процесот на децентралзиација затоа што ако некој не може тоа да го прави, тогаш да интервенираме законски, барем да ги преземеме интегернциите и да ја стабилизараме состојбата, рече Мицкоски по вчерашната прес-конференција во Владата.

Резервите на нафта што Владата ги отстапи од државните резерви за ден – два треба да се потрошат.

Во јавниот превоз од понеделникот се вклучија и приватните превозници, но не сите, туку само оние кои имаат финансиска можност за тоа, бидејќи, како што велат, ЈСП има неплатен долг кон нив веќе неколку месеци. Во меѓувреме тие ја чекаат новата цена по изминат километар која треба да биде пресметана во следните две недели.

Слични содржини