ОМД со конкретни предлози и договор со Сиљановска Давкова

од Nikola Popovski
232 прегледи

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) известува за средба одржана вчера помеѓу претходниот претседавач на Бордот на ОМД (2010-2022) и потпретседател за Глобални Операции Стојан Николов и претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова. На средбата беа присутни и Гордан Јорданов, Директор на ОМД за Македонија и Европа; Викторија Поповска, Алумни на ОМД Конгресната Програма Љубица Ачевска ; Ана-Марија Поповска, Алумни на програмата Родум од Македонија; и Стефани Николов, Практикант на ОМД за Меѓународна Политика и Дипломатија во 2024год.

-За време на дискусијата, ОМД силно се залагаше за формирање на Претседателски Совет за Дијаспора за формализирање и зајакнување на врските меѓу Македонија и Македонците ширум светот. Ова советодавно тело ќе послужи како платформа за подобрување на соработката и искористување на огромната експертиза на поединци од дијаспората во клучните економско-општествени сектори. Дополнително, ОМД повика на подлабок ангажман на владините институции и иселениците, за да се подигне меѓународната позиција и застапеноста на Македонија, стои во соопштението.

Делегацијата на ОМД го истакна огромниот потенцијал на глобалната македонска заедница, нагласувајќи го нејзиниот придонес во области како што се лесна и тешка индустрија, инфраструктура, туризам, менаџмент и економскиот развој. ОМД ја истакна важноста од спремање на Македонците за лидерски улоги во растечката економија на нацијата за да се обезбеди долгорочен успех.

-ОМД, исто така, предложи развој на активности за ангажирање на членовите од дијаспората во сите возрасни групи. Преку поттикнување на меѓугенерациската соработка, ОМД има за цел да ги искористи различните таленти и искуства на македонската заедница ширум светот за просперитет на нацијата.

Организацијата ја нагласи критичната улога на дијаспората во поттикнувањето на економскиот раст, зголемувањето на странските инвестиции и подигањето на глобалниот профил на Македонија.

Овој клучен состанок означува важен чекор кон отклучување на целосниот потенцијал на дијаспората да придонесе значајно за иднината на Македонија, како и ги поврзе своите најмлади во различни младински совети и меморијален центар каде иселениците ќе можат вечно да се сеќаваат на нивните фамилии и предци. ОМД останува посветена на поттикнување партнерства кои ги премостуваат дијаспората и Македонија за заеднички успех како и се заблагодарува на Претседателката за нејзината посветеност и желба овие иницијативи да станат реалност во најскоро време, препознавајќи ја важноста и шансата на зајакнување на релациите со македонците ширум светот, велат од ОМД.

Слични содржини