Винисиус доби суспензија од два натпревари, ќе игра во Суперкупот

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Винисиус Жуниор доби суспензија од два натпревари откако доби директен црвен картон на првенствениот натпревар против Валенсија, во кој Реал победи со 2:1.

Во 80. минута при водство на Валенсија од 1:0, крилниот напаѓач на Реал го удри ривалскиот голман Столе Димитриевски и откако беше прегледана снимката, мораше да го напушти теренот.

Бразилецот подоцна се расправаше со судиите, соиграчите едвај го смируваа. Реал најави жалба за суспензијата на Вини бидејќи тврдат дека Жуниор само одговорил на нападот на Димитревски.

Се додека тоа не се реши, на сила е споменатата казна за еден на најдобрите играчи на денешницата. Ќе ја одлежи во Ла Лига и ќе ги пропушти натпреварите против Лас Палмас и Ваљадолид.

Бразилецот може да игра во Суперкупот на Шпанија, кој започнува во среда во Саудиска Арабија. Во четврток Винисиус излегува против Мајорка. Доколку победи Реал, го чека финалето против победникот од дуелот меѓу Барселона и Атлетик Билбао.

Слични содржини