Ињаки Вилијамс, десното крило на Атлетик Билбао, е легенда на баскискиот клуб со 447 настапи и 108 гола за актуелниот освојувач на Кралскиот Куп.
Атлетико на тој начин обезбеди пласман во шпанскиот Суперкуп, но веќе не се игра само меѓу шампионот и куп-победникот на таа земја, ниту пак во таа земја. Сега се игра како турнир со четири тима во Саудиска Арабија. Шпанската федерација го пресели натпреварувањето таму и го направи масовно поради милионскиот профит од богатите Саудијци.
Но, тоа воопшто не му се допаѓа на Вилијамс, објасни откако неговиот клуб загуби со 0:2 од Барселона во полуфиналето на овој фајналфор во Ријад, која сега во финалето го чека победникот од мечот помеѓу Реал Мадрид и Мајорка: „Срамота е што се играат вакви атрактивни натпревари меѓу шпански екипи, клубовите играат на другата страна на светот и без наши навивачи. Поточно, тука ги имаше неколку, но тоа е занемарлива бројка. Да се играше во Шпанија, стадионот ќе беше полн со наши навивачи. Срамота е што за шпанскиот Суперкуп треба да патуваме илјадници километри подалеку од нашата земја, навивачите и семејството.“
Вилијамс не застана тука: „Мислам дека е глупост да се игра ова натпреварување во Саудиска Арабија, но таков е фудбалот е сега. И за мене тоа е срам и штета“.